Синодот на БПЦ подготви список со епископите, кандидати за митрополит на Доростолската епархија

In other languages: BG

Превод: Методија Петрески

Според информациите на Doxologia INFONEWS Свештениот Синод на Бугарската Патријаршија на своето заседание во полн состав (Прот. №7) од 29 септември 2020, под претседателство на Неговата Светост Бугарскиот Патријарх г.г. Неофит подготви список со достоизбираемите епископи за престол на Доростолската Митрополија.

Ви го претставуваме списокот со преосвештените епископи, подредени по датумот на хиротонија. Тие се следните:

  • Сиониј Велички
  • Поликар Белоградчишки
  • Јеротеј Агатополски
  • Герасим Мелнички
  • Јаков Константијски

Биографиите на кандидатите епископи за Доростолски митрополит на бугарски јазик може да ги прочитате овде.

Епархиските избори ќе бидат на 18 октомври, кога ќе бидат избрани два од посочените кандидати со најмногу гласови. После тоа списокот со двата кандидати ќе биде испратен до Синодот, кој на 25 октомври, недела, во параклисот на Свештениот Синод, преку гласање ќе избере еден од двајцата кандидати, кој ќе биде новиот митрополит на Доростолската Катедра.

Од списокот на возможни кандидати, кои Doxologia INFONEWS ви ги претстави порано отпаднаа четири кандидати (подредени по азбучен ред):

  • Евлогиј Адрианополски (титула, која припаѓа на Вселенската Патријаршија)
  • Инокентиј Крупнишки
  • Јаков Месемвријски
  • Тихон Тивериополски

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal