Кипарскиот Архиепископ Хризостом: Русија ја подбуцнува и поддржува Турција против Грција за расцепување на југоисточното крило на НАТО

In other languages: GRBG

Превод: Методија Петрески

Претстојателот на Црквата на Кипар посакува да надвладее разумот и нештата да не стигнат до крајност во реонот на Источното Средоземното Море, како што изгледа, дека стигнаа во јужен Кавказ со тензијата меѓу Ерменија и Азербејџан.

Неговото Блаженство Архиепископот Хризостом II ја коментира ескалацијата на тензиите во реонот на Кавказ давајќи оценка дека „во Источното Средоземноморие состојбата е полоша и една искра меѓу Грција и Турција би можела да доведе до расцепување на југоисточното крило на НАТО во регионот“.

Турскиот претседател ги искористува европејците и нивните економски интереси“, додаде тој.

„(Европејците) пробуваат на секој начин да нѐ успокојат, дека ветото не е за малите држави“, изјави Архиепископот. Тој го има предвид, наложувањето на вето од страна на Кипар, по однос на правилната позиција на ЕУ за Белорусија, но од друга страна, ЕУ сѐ уште не налага тешки санкции против Турција, поради нејзината агресивна политика во однос на Кипар и Грција. Заканите на Турција за овие две држави, се закани за целата ЕУ.

Архиепископот ги коментираше овие прашања по завршетокот на Божествената Литургија на панаѓурот во манастирот на свети Неофит. Тој остро ја искритикува и позицијата на Русија во регионот, изјавувајќи на свој начин, дека „Русија е таа која ја подбуцнува и поткрепува Турција, не затоа што ја сака, ами затоа што се стреми да го зачува својот монопол во продажбата на природен гас во Европа“.

Освен тоа, Архиепископот изјави дека има проблем со имплантот на шестиот пршлен на `рбетниот столб. Поради тој проблем, тешко му е да оди, но и да стои.

Во однос на своето здревје, тој изјави, дека лекарите му препорачуваат одмор и да остане в кревет долг период, нешто што неговите обврски не му дозволуваат и затоа ги поднесува (овие болки з.п.)

Накрај, тој изјави, дека здравјето му се стреми кон задоволително.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal