И вториот тест за Ковид-19 на Критскиот Архиепископ е негативен | Состојбата му останува критична имајќи ја предвид неговата напредната возраст

In other languages: GRBG

Превод: Методија Петрески

Високопреосвештениот Критски Архиепископ г. Иринеј, сѐ уште се лекува во Универзитетската болница во Ираклион. Тој беше примен на 27 септември 2020 со проблеми со дишењето, што доведе до тоа да биде префрлен на интензивна нега. Лекарите се оптимисти за неговото здравје, но здравствената состојба сѐ уште е критична имајќи ја предвид напредната му возраст. Архиепископот Иринеј има 87 години.

Од објавениот на 28 септември 2020 медицински извештај дознаваме, дека Архиепископот е интубиран и е на механичка вентилација, без треска и е хемодинамично стабилен.

Според информацијата на Преосвештениот Епископ на Кносос, викар на Архиепископот Иринеј и главен секретар на свештениот епархиски Синод на Црквата на Крит, г. Продромиј Ксенакис лекарите се оптимисти за неговото здравје.

Според изјавата на Преосвештениот Епископ за neakriti.gr денес лекарите ќе решаваат како ќе продолжи процедурата со екстубирањето на Архиепископот за да видат како ќе реагира. Но, според лекарите оптимистички предзнак е тоа што тој сам дише.

На 28 септември Архиепископот имаше втор тест за коронавирус, кој исто се покажа негативен како првиот.

И денес направениот тест за коронавирус излезе негативен. Лекарите прават сѐ, кое е според нивните сили со бавни, но сигурни чекори. Ние се молиме за неговото целосно оздравување, замолувајќи ве и вие да се молите за него“.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal