Игуменот на манастирот свети Герасим Јордански: Во нашата Патријаршија десетина отци се заразени со Ковид-19 | VIDEO

In other languages: GRBG

Превод: Методија Петрески за Doxologia INFONEWS

Игуменот на манастирот свети Герасим Јордански, Старецот Хризостом ја оценува како тешко време, тажната состојба, која владее низ манастирите по Светите Земји, поради пандемијата.

На 14 септември 2020, високопреподобниот архимандрит Хризостом (Тавуларес) даде интервју во живо во централниот дневник на Alpha TV, изјавувајќи, дека десетина отци од Ерусалимската Патријаршија се заразени со коронавирус, двајца од нив се интубирани, а еден архијереј сѐ уште е хоспитализиран и општата здравствена состојба не му е добра.

48 години не сме се соочиле со ваква ситуација. Ги преживеавме интифадите, Садам Хусеин итн., но ова, кое го преживувавме сега, никогаш не сме го преживеале – да не може да излезеш надвор и да се плашиш. Во нашата Патријаршија има десетина отци, кои се покажаа заразени со коронавирус, двајца се интубирани, еден архијереј сѐ уште е в болница и општата здравствена состојба не му е добра“.

Архимандритот Хрисостом изјави исто, дека недостатокот на поклоници создава верижни проблеми:

Има луѓе, кои си спомнуваат за нас и ни помагаат. Има луѓе, кои ја даваат својата лепта – не само за мене, но и за другите. Да ја слушате Владата (Кипарската влада – зп.) за носењето на маски, болества е опасна!

Спикерката: „Отец, некои архијереји кажуваат, дека не бива да носиме маска, зашто немало опасност“.

Отец Хризостом: „Не, не, има опасност, носиме маска, но кога се причестуваме ја вадиме. Треба да ја носиме. Да се пазиме себеси и повозрасните од нас, треба…

Тој го испрати и своето послание кон кипарските Грци.

На Кипар да не се плашите од Ердоган, Бог ќе помогне. Има и такви, кои ги сакаат Кипар и Грција, ќе нѐ поткрепат и ќе биде најдено решение со Божја помош“.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal