Грција: Осуден свештеник на девет месеци условна казна за повик за прекршување на мерките против Ковид-19 | VIDEO

In other languages: GRBG

Превод: Методија Петрески

Свештеникот од Ретимно (остров Крит, Грција), отец Емануил Сарис, беше осуден на условна казна од девет месеци затвор, која нема да се изврши ако не го повтори делото во рок од 3 години.

На 16 септември 2020 г. за време на водосветот за почетокот на новата учебна година, четириесетиседумгодишниот свештеник од Ретимно, за време на својата беседа во детската градинка „Аципопулос“, одненадеш реши да проповеда против носењето на заштитни маски од страна на учениците во училиштата.

Неговата беседа предизвика остра реакција на сите присутни учители, родители и деца, кои веднаш повикаа полиција. Свештеникот беше приведен и против него било покренато итно обвинение за поттикнување на прекршок, односно неносење на маски во училиштата, кое во Грција е задолжително со закон.

Свештеникот не се покајал за својата постапката, не се извинил и не жалел за својот престап и неодговорно дело.

„Само Бог има право да ми суди. Јас немам грижа на совестта“ – изјавил свештеникот.

Дури и самиот Митрополит на Ретимно г. Евгениј, цитиран од Νέα Κρήτη, изјави, дека свештеникот има проблематично поведение.

За време на судскиот процес свештеникот откажа да стави маска на лицето, но откако го принуди судијата, ја стави.

Свештеникот исто така упати закани против судијата и обвинителот, за што државниот обвинител изјавил, дека судот не се плаши и грижи од закани, а законот важи за сите.

Напоменуваме, дека сличен случај имаше и во свештената Митрополија Леринска (Флоринска, Грција), каде свештеник проповедаше против носењето на маски во храмовите. Според свештеникот, носењето на маски во храмовите било “богохулство“. Уште тогаш Леринскиот митрополит г. Теоклит веднаш реагираше на сите жалби, доставени до него од верниците во однос на поведението на свештеникот, кого Митрополитот го премести од служењето во тој храм на неопределено време со изговор, дека ако свештеникот „не се поучи“, ќе биде расчинет.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal