Молитва за време на коронавирусот

 
 
Read in other languages:  GR EN – SRB – UKR ­ BG ES

   

Преведувач од бугарски на македонски: Методиjа Петрески


Специјално за Doxologia INFONEWS и на македонски јазик.

 
Возљубени верници,
 
Ви предлагаме една современа молитва против актуелниот коронавирус, творба на Едескиот Митрополит г. Јоил. Доколку сакате, би било добро да ја вметнете во вашето секојдневно молитвено правило.

 
МОЛИТВА НА КОРОНОВИРУСОТ
Творба на Едескиот Митрополит г. Јоил
 
Господи Иисусе Христе, Боже наш, Архилекару на душите и телата, Кој поради нас стана човек, за да го исцелиш човекот од големата рана; Кој не ги презре неизлечиво болните – десетмина прокажени, но ги исчисти преку спасителната Ти благодат, Кој ги помина како Богочовек дните на Своето земно присуство, правејќи добрини и исцелувајќи ги сите немоќни и болни; Ти правеше добро и го враќаше здравјето на раслабените, слепите, тешките грешници, бесомачните и злонамерниците во телото и душата, односно по плотта и по разумот. Прими ја благонаклоно нашата молитва и помогни ни преку Твојата сила – вирусот убиец, кој има форма на круна и кој причинува страв или смрт кај немоќните и страдалните, да избега. И ако поради многуте наши гревови си го допуштил искушениево, Те молиме како Милостив, да Го отстраниш од нас и од целата вселена. А, ако за испитување на верата си го допуштил неговото госпотство, прекрати ја тревогата на немоќните од неговата епидемија. Ако пак тој ни е даден од злодејтвото на противникот или од невниманието на лесномислените луѓе, порази ја неговата сила како Бог Сесилен. Сочувај ги младите и запази ги немоќните, и тие што во старост пребиваат, излекувај ги од проклетиот вирус и ослободи ги од срце притеснето, и во замена за тоа – дарувај ни добро здравје, олеснување и великодушие, по застапништвото на Владичицата Богородица и на сите Твои светии. Амин!
 
 

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal